Македонија

Обвинителството не најде одговорност кај Беким Максути за несервисираните „Ер трактори“ на ДЗС

За обвинителството нема одговорност кај екс директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути за несервисираните „ер трактори“ кои не беа во функција за заштита од пожари.

Обвинителството сега донесе одлука постапувајќи по кривичната пријава која пред неколку години ја поднесе партијата,,Левица“, a со која бараше одговорност за Максути за несервисираните „ер трактори“. Тие за време на пожарите во 2021 не можеа да се користат. Тогаш изгореа 450 илјади кубни метри шума, а проценетата штета беше огромна.

Беким Максути нема да одговара за несервисираните „ер трактори“ кога гореше Македонија – Обвинителството не нашло кривично дело

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути нема да одговара за несервисираните „ер трактори“ кои не беа во функција за време на големите пожари летото 2021 година.

Обвинителството не нашло кривично дело постапувајќи по кривичната пријава која пред неколку години ја поднесе „Левица“, a со која бараше одговорност за Максути за несервисираните „ер трактори“ кои не можеа да се користат во екот на големите пожари низ Македонија кога изгореа 450 илјади кубни метри шума, а проценетата штета надмина 30 милиони евра.

Обвинителството собрало докази, но не нашло елементи за кривично дело ниту за постапките за јавни набавки за поправка и сервисирање на авионите, ниту дека Максути несовесно работел.

“Пo поднесената пријава од една политичка партија, постапуваше јавен обвинител ОЈО ГОКК кој во предистражна постапка прибави материјални докази од кои произлезе дека во дејствијата преземени од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување нема елементи на законско битие на кривично дело што е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи прибраните докази упатуваат на фактот дека постапките за јавните набавки за поправка и сервисирање на авионите во 2020 и 2021 година биле спроведени во согласност со одредбите од Законот за јавните набавки. Во однос на евентуално постоење на кривичното дело Несовесно работење во служба од чл. 353 – в од КЗ предметот беше доставен на надлежност на ОЈО Скопје, каде јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавениот не се содржани елементи на наведеното кривично дело, велат од Обвинителството.

На почеток