Македонија

“Милионски суми, злоупотрби, заложници”, автомобилистот Кировски гневен, го повика министерот за спорт Борко Ристовски

,,Црвеното ферари
Прв во село последен во град.
Додека се одработува во служба на криминалната федерација што уништи преку 80 возачи и клубови во МК, за да може таа да опстане, мора да се прикажат резултати, како ако не во класа сам или со две коли, каде што си сигурен победник.
Додека генерално Македонија нема поим од автоспорт, светската спортска сцена се смее, да си најдобар во најнискиот рејтинг на европски шамионати.

Мислите дека немаат опција врвни возачи да се пријават на овој шампионат?
Срам им е да пимислат.

Секој што ке отиде на овие во било која класа е прв или втор.
Како и се до сега во Македонија со предходните влади пробиена е шемата како до бескрајно уништување на се што е вистински вредно во Македонија.

Црвеното ферари требаше да застане на страна на спортот и сите нас, уште пред 5 години ќе беше сменето лудото раководството и ќе можеше да го прави истото и многу подобро од сега, зошто секогаш имаше подршка од сите нас.
Но еднаш требаше ние колегите, клубовите и спортот да се потпреме на него… видовме, не остави во жива кал, да возиме со странски лиценци, да нема други резултати за Македонија, да немаме можност да бидеме подржани нити од држава нити од мак. компании, чист терен за него. Секогаш со изговор дека ништо не зависи од него, а го храни олошот од рака.
Сине има мажи во Македонија, не се сите исплашени и слуги на кешот.

Голем пример за младите таленти и колеги што ги остави без спорт, без шанса, со пример за кладилници и кредити.
Целосна злоупотреба на славата за влијание на новинари да не се слуша вистинската страна.
Прв во село и циркус во град.

Додека ограничената маса се гордее во спортскиот свет сме за подсмев како нација.
Ова го пишувам за да се одбрани спортот, како моја обврска и на секој искрен Македонец и спортист што треба да го брани спортот, да беше љубомора ќе бевме љубоморни и кога правевеме се за него, секогаш и во 5 сабајле и во 3, секогаш за се имал помош, кога полневме автобуси иљадници км малтретирање за да има подршка без која не се доаѓа до спонзори. Од мене лично дадена кола за да се постигнат рекордни резултати победа во две класи во ист ден, без нас го немаше ферарито, но кога го изградивме како фала добивме копче за уништување на Македонскиот автомобилизам.

Колегите се исплашени да спомнат, покрај фактите и боговите молчат.
Се надевам новата влада ќе го спаси автомобилизмот од овој помор.
А ферарито нека си го тера циркузот, тие што знаеме ќе се смееме на титулите од САМ.
Прав ас, прав маж, се бори со најдобрите во најпрестижни шампионати, кај што има конкуренција, не оди по селски лиги “Европски”. Подобро ќе беше да вози Твинго куп и да биде прв.

Истото важи и за тцр милионерот на техничкиот преглед и за поршето на кои им фалат и тие украдени државни пари да го подржат непријателот на автомобилизмот.
Сите овие ги имаат сите услови да го прават истото што го прават и сега без да го држат спортот како заложник, ама образот или го имаш или не, им одговара климата.
Се работи за Милионски суми во евра за неколку години, злоупотреба на работни места по институции и градење на тесен незаконски круг од функционери и спортисти за извлекување на државни средства.
Едно не разбирам, овие што не дигаат глава од кал, што сме отстранети, што сме казнети бесправно, што посматраат немо, што луѓе се, какви се, што чекаат некој да им донесе све на тацна, исплашени, не ве разбирам.

Борбата за Македонскиот автомобилизам трае.”, напиша Бранко Кипровски.

На почеток