Свет

Трагедија во Хрватска: Пронајдени три тела во викендица

Утрово околу 6:30 часот во полицијата во Хрватска било пријавено дека во викендица во областа Велика Лудина има тројца мажи кои не се чувствуваат добро.

По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници пронашле три безживотни тела, без видливи повреди.

На местото на инцидентот се води истрага, предводена од заменик окружниот правобранител при окружното правобранителство Сисак во соработка со експерти од Центарот за форензички испитувања, истражувања и вештачења „Иван Вучетиќ“.

Телата се пренесени во Одделот за патологија во Општата болница во Сисак, каде што ќе биде извршена обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Во тек е кривична истрага која ќе ги утврди сите околности на овој настан.

На почеток