Македонија

СДСМ ќе гласа за смена на Гаши

,,Пратениците на СДСМ и коалицијата ќе гласаат за интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

За само два месеци се случија серија скандали на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ а одоговорност нема за никого.

Таков е случајот и со претседателот на Собранието.

Имаше скандалозен инцидент на аеродромот во Скопје во кој меѓу другото обезбедувњето на Гаши нападна полицаец, се закануваше со пиштол и ги прекши правилата и законите.

Во својот извештај, МВР контатираше дека обезбедувањето било незаконски испратено на аеродромот, со што одговорноста директно ја насочи токму кон Гаши кој ја дал наредбата на обезбедувањето.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски требаше да бидат првите коишто ќе побараат одоговорност за Гаши после оваа констатација на МВР.

Се случи скандал со службено возило на свадба. Потоа се уште поголем скандал со минување на границата со Косово на сватовите на Гаши со приватни возила и без никаква контрола.

Мицкоски ветуваше дека ниту еден политичар нема да биде поштеден од политичка одговорност доколку се докаже дека работел спротивно на правилата и законите а сега ревносно го брани Гаши после сите скандали.

Политичката одговорност мора да има и затоа пратениците на СДСМ ќе гласаат за итерпелацијата а во дискусијата во македонското Собрание ќе ги изнесат сите аргументи.”, велат од СДСМ.

На почеток