Приведено лице од струмичко поради прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама
На 03.09.2024, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Г.Г. од с.Дабиле, струмичко. Околу 18.30 часот на наплатната станица Романовце била извршена контрола на возило – комбе „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека превезува стоки од Сојузна Република Германија и само за помал дел поседувал царинска потврда за платени давачки, додека пак за поголемиот дел не поседувал никаква документација.
Известен е Отсекот за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител, возилото и предметите за кои не поседувал документација биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278-Б – „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 353 од Кривичниот законик – „злоупотреба на службената положба и овластувања“.