Македонија

Се судриле автомобил и мотоцикл во Струмица, мотоциклистот со тешки повреди

На 03.09.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од бул.„Ленинова“ и ул.„24 Октомври“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(57) од село Ново Село, струмичко и мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(25) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На почеток