Активни шест пожари, еден е под контрола
,,Во текот на вчерашниот ден, 04.09.2024 година, имаше вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е 1 и изгаснати се 33.
АКТИВНИ: 6
1. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково, пожарот се шири на 3 крака: с.Бонче кон с.Крушевица, превој Слива кон с.Чумово и кон с.Пештани (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);
2. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Степанци (под контрола), активен е кај с.Оморани и м.в.Кадиица – с.Ораов Дол (мешана шума);
3. Општина Петровец: с.Градманци, с.Брезница и с.Катланово (нискостебелста шума);
4. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);
5. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);
6. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и мешана шума);
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Кочани: градска депонија (ѓубре).
ИЗГАСНАТИ: 33
1. Општина Кисела Вода: бул.Борис Трајковски кај Расадник (сува трева);
2. Општина Студеничани 1: с.Студеничани (сува трева);
3. Општина Студеничани 2: с.Батинци (сува трева);
4. Општина Карпош: с. Злокуќани (сува трева);
5. Општина Арачиново: с. Арачиново (сува трева);
6. Општина Битола: нас.Горно Оризари (сува трева);
7. Општина Крушево: с.Белушино (сува трева);
8. Општина Прилеп 1: м.в.Дервен, во близина на чешмата (сува трева);
9. Општина Прилеп 2: Во близина на ресторан Романса (сува трева);
10. Општина Прилеп 3: во близина на ресторан Романса (сува трева);
11. Општина Прилеп 4: м.в.Дервен, во близина на планинарски дом (борова шума и сува трева);
12. Општина Деир Хисар: с.Кривогаштани – с.Обршани (сува трева и ѓубре);
13. Општина Демир Хисар: с.Загориче (сува трева и ѓубриште);
14. Општина Охрид 1: с.Волино (сува трева);
15. Општина Охрид 2: с.Орман (сува трева);
16. Општина Струга: с.Добовјани (стрниште);
17. Општина Неготино 1: с.Пепелиште (ниска вегетација и ѓубре);
18. Општина Неготино 2: кај бензинска пумпа Макепетрол (ниска вегетација и ѓубре);
19. Општина Штип: градска депонија (ѓубре).
20. Општина Куманово 1: Покрај автопат Табановце-Куманово кај бензинска пумпа Детоил (сува трева и стрниште);
21. Општина Куманово 2: кај бензинска пумпа ИБ Петрол пред влез во Куманово (сува трева);
22. Општина Куманово 3: кај Ветеринарна амбуланта (ѓубре);
23. Општина Старо Нагоричане: с.Никуљане (ѓубриште);
24. Општина Брвеница: с.Челопек (сува трева и грмушки);
25. Општина Јегуновце: м.в.Шлака (сува трева);
26. Општина Врапчиште 1: с.Добридол (нива);
27. Општина Врапчиште 2: с.Врапчиште (сува трева);
28. Општина Врапчиште 3: с.Сенокос кон с.Неготино (сува трева во ниви);
29. Општина Врапчиште 4: с.Неготино (ниска вегетација);
30. Општина Гостивар 1: с.Чегране (мешана шума и сува трева);
31. Општина Гостивар 2: с.Градец, кај гробиштата (сува трева и грмушки);
32. Општина Врапчиште: с.Добридол, м.в.Мазрача (ниска вегетација);
33. Општина Брвеница: с.Милетино (шума).”, информираат од ЦУК.