Македонија

Јаневска, дали заради партиски вработувања нема образовни асистенти во училиштата, прашуваат од СДСМ

,,Министерката Весна Јаневска призна дека нема образовни асистенти во училиштата и дека децата со попреченост седат дома, неместо во училиште.

Ниту едно дете со попреченост се уште не е на училиште, само затоа што министерката Весна Јаневска не ја заврши постапката за над 800 образовни асистенти.

МОН на чело со Јаневска го попречува остварувањето на основното правото на децата-ученици со попречност за задолжително основно образование.

Јаневска треба да одговори дали овој проблем е всушност заради партиски вработувања?

Дали се правени списоци по Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ за кој да се вработи и затоа се касни со целата постапка?

Ова е безобразно и целосно спротивно на начелата на Законот за основно образование кој гарантира најдобар интерес и целосен развок на ученикот, еднаквост достапност и инклузивност.”, велат од СДСМ.

На почеток