Свет

Шокантна изјава на Путин: Ќе ја поддржиме Камала Харис

Русија сака Камала Харис да победи на претседателските избори во САД, рече претседателот Владимир Путин во очигледно ироничен коментар, наведувајќи ја нејзината „заразна“ смеа како причина што му се допаѓа повеќе од Доналд Трамп.

Путин говореше еден ден откако американското Министерство за правда обвини двајца руски медиумски директори за наводна нелегална шема за користење на проруска пропаганда за влијание на изборите во ноември.

Водачот на Кремљ претходно оваа година, пред претседателот Џо Бајден да се повлече од трката – исто така со очигледна иронија – рече дека го претпочита него пред Трамп бидејќи Бајден е попредвидлив политичар од „старата школа“.

На прашањето како сега гледа на изборите, Путин на економски форум на рускиот Далечен Исток рече дека тоа е избор на американскиот народ.

Но, тој потоа додаде дека бидејќи Бајден им препорачал на неговите поддржувачи да ја поддржат Харис, „ние ќе го сториме истото, ќе ја поддржиме“.
„Таа се смее толку експресивно и заразно што значи дека се е во ред со неа“, рече Путин, додавајќи дека тоа може да значи дека ќе се воздржи од дополнителни санкции против Русија.

Американските разузнавачки агенции веруваат дека Русија сака Трамп да победи бидејќи тој е помалку посветен да ја поддржува Украина во војната против Русија.

Но, Путин рече дека Трамп, како претседател, наметнал повеќе санкции за Русија од кој било во Белата куќа пред него.

На почеток