Македонија

59-годишен маж од Штип со возилото излетал од патот, однесен во болница со тешки повреди

На 04.09.2024 во 17.34 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, кон населба „Три Чешми“ во Штип, патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(59) од Штип, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На почеток