Следната седмица ни доаѓаат обилни дождови, голем пад на температурите, па дури и можност за снег на највисоките места
Почнувајќи од 9.9.2024 (Понеделник), па во текот на целата наредна седмица ќе имаме чести и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и со повремено силен ветер. Сето ова ќе биде поради формирањето на циклонски систем над Средоземјето, и истиот ќе влијае на времето насекаде на балканот, вклучувајќи ја и Македонија. Во поголем дел од регионот се очекува да наврне поголемо количество на воден талог, со што можни се и локални поплавувања, а температурите следната седмица ќе бидат значително потпросечни за овој дел од годината, што значи дека и тоа како следната седмица ќе ги почиувствуваме првите знаци на есента.
Со оваа промена, поради големиот пад на температурите, на Европските Алпи ги очекуваме и првите обилни врнежи од снег. Можеби звучи чудно, поради тоа што сеуште е многу рано, но моменталните излези на прогностичките материјали со кои располагаме дури цртаат дека следната седмица ќе има и прво провејување на снег на високите планински места во регионот, па дури и во Македонија.