Украина и Франција преговараат за нов пакет воена помош


Претседателот на Украина Володимир Зеленски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за подготовка на нов пакет воена помош за Украина.
„Имав долг и значаен телефонски разговор со Емануел Макрон. Му честитав за именувањето на новиот премиер Мишел Барние. Францускиот претседател изрази сочувство во врска со руските напади врз Лавов, Полтава и други градови и заедници“, се вели во синоќешното соопштение за печатот на кабинетот на украинскиот претседател.
Пред состанокот на контакт групата во Рамштајн формат, Зеленски и Макрон разговарале за продолжување на одбранбената соработка, подготовката на нов пакет воена помош за Франција, како и за можноста за заедничко производство на некои видови оружје, пренесува Укринформ.
„Уште еднаш нагласив: очајно ни е потребна дозвола од нашите партнери за удари на аеродроми од кои полетуваат противвоздушни ракетни носачи, па затоа сметаме на единството на нашите сојузници по ова прашање“, посочи Зеленски.
