Македонија

Влатко Ѓорчев, Солза Грчева, Лилјана Затуроска и Павле Трајанов добија координаторски позиции во Владата

Владата распредели нови позиции, па така повеќе истакнати имиња добија свои позиции.

Влатко Ѓорчев, Солза Грчева, Лилјана Затуроска и Павле Трајанов добија координаторски позиции во Владата.

Влатко Ѓорчев национален координатoр за демографија, млади и човечки ресурси. За многумина ваквиот потег е очекуван бидејќи токму Ѓорчев години наназад меѓу главните промотори на политиките за зголемување на наталитетот во земјата.

Лилјана Затуроска ќе биде нов национален координатор за локална самоуправа.

Павле Трајанов од Демократски сојуз беше назначен за национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот.

Истакнатата професорка Солза Грчева беше назначена за национален координатор за реформи во високото образование.

Блерант Рамадани за национален координатор за примена на нови технологии.

Укината е позицијата национален координатор за кохезија.

На почеток