Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС за национални координатори поставуваше луѓе како Алаѓозовски и Попов, без грам искуство, а шири ветар и мегла за луѓе со кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена, 365 скандали на власта на ДУИ и СДС, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме

,,СДС за национални координатори поставуваше луѓе како Алаѓозовски и Попов, без грам искуство, а шири ветар и мегла за луѓе со кредибилитет.

СДС го постави своевремено Роберт Алаѓозовски и Мартин Попов за национални координатори, и двајцата без никаков придонес за државата.

Национален координатор во време на СДС беше и Стево Пендаровски, најслабиот претседател во историјата на Македонија.

СДС не само што редеше неспособни национални координатори, туку и нивни заменици, без да има за тоа реална потреба.

За разлика од времето на СДС, владата на ВМРО-ДПМНЕ за национални координатори поставува луѓе со голем кредибилитет и минат труд во областите за кои ги назначува.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток