Свет

(Фото) Невидена поплава и силни налети на ветер направија хаос на југот на Хрватска

Силното невреме во Хрватска не ја заобиколи ниту Корчула, на источната страна на островот силен ветер собори десетина борови, а невидена количина дожд за нешто повеќе од еден час предизвика сериозна материјална штета. За среќа, никој не е повреден.

Во улицата Три Сулара во центарот на Корчула поплавени се сите згради, нивото на водата речиси стигнато до рачките на вратите. Поради големи одрони, патот низ пристаништето Пупнат е затворен до натамошно известување.

Дождот ги поплави сите супермаркети, а водата предизвика сериозна материјална штета во бројни семејни домови. Извесен период од силината на дождот воопшто беше невозможно да се излезе од безбедното засолниште.

Вчера не им било лесно на пожарникарите на ДВД Корчула, цело попладне на терен биле 35 пожарникари.

„Направивме 40-тина испумпувања на вода и можевме уште толку, имаме пет пумпи, што не е малку, но многу семејни куќи и други објекти беа поплавени. Најпредизвикувачки беше да се испумпува покривот на општинската зграда во Лумбарда пред да попушти под количеството вода. Од Лумбарда до Завалатица паднаа 10 борови, едно дрво во Стречица го покри автомобилот што го извлекувавме. Во Корчула не се сеќавам во текот на еден час да врнело толку дожд, презадоволен сум како реагиравме и интервениравме. Голема благодарност до Махо и Куртовиќ, на сите пожарникари им донесоа пици и пијачки“, рече командирот Вераца.

На почеток