Свет

Силен земјотрес во Грција

Почувствуван земјотрес во Тетово и вo Гостивар, епицентарот во Албанија

Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди грчката префектура Коринт на Пелопонез.

Нема извештаи за повредени или материјални штети, пренесува Катеимерини.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил лоциран на четири километри северо-северозападно од Фенеос, на длабочина од 11 километри.

Грција се наоѓа во еден од сеизмички најактивните региони во светот, каде земјотресите се чести, но смртните случаи и значителни штети од земјотреси се ретки, наведува Катимерини.

На почеток