(Видео) Шок снимка од градинка во Париз: Наставничката тепала девојче и ѝ истурила течност на лицето
Француската полиција покрена кривична истрага против учителката која удри 3 годишно девојче во градинка во Париз. На социјалните мрежи се појави видео од наводното насилство кое предизвика голема бура во јавноста, пишува „Дејли мејл“.
Според неофицијални информации, покрај ударот, наставничката и прскала неидентификувана течност во лицето на девојчето кога детето извикало „мамо“. Инцидентот се случил во вторник на 3 септември.
На видео кое брзо стана вирално на сите социјални мрежи, неидентификувана учителка може да се види како стои над девојче кое плаче. Набрзо ја крева раката кон неа, ја удира по грбот и детето паѓа на подот.
Адвокатот на родителите на нападнатoто девојче објави дека „лицето на девојчето било испрскано со неидентификуван производ“. Семејството на девојчето е, како што вели, крајно истрауматизирано, а целиот инцидент го снимила мајката на второто дете, која цело време била во училницата.
По ударот, девојчетоа била пробиена во аголот од собата. Цело време плачеше, врескаше и викаше мама, а учителката воопшто не ја забележа.
„Наставнчката го призна делото и му се извини на семејството“, рече портпаролот на училиштето
Набрзо била уапсена и сменета. Деталите ги откри началникот на 15-тиот арондисман во Париз, Филип Гужон.
„Ова се случи ден по почетокот на учебната година. Наставничката е уапсена и веднаш е отпуштена“, изјави началникот на 15-тиот арондисман во Париз, Филип Гужон.
Une Maîtresse violente une petite fille de petite section et lui asperge un liquide sur la tête dans une école du 15 ème arrondissement de Paris. Une plainte a été déposée. En tant qu’avocate je mènerai ce combat main dans la main avec la famille, en tant que maman mon cœur… pic.twitter.com/5LQ6O6XP5f
— Vanessa EDBERG (@EdbergVanessa) September 9, 2024