Македонија

Спасовски: Го осудувам приведувањето за црквата во Галате, институциите преку дијалог да најдат решение

Сметам дека е неоправдано и го осудувам приведувањето на било кој во еден ваков случај и секако дека не треба да се посегнува на таков начин на однесување кога станува збор за верски објекти, институциите треба преку дијалог да најдат соодветно решение, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска.

-На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи, апсолутно не смееме да се играме со правото на вероисповед. Се што треба да се решава треба да помеѓу институциите на системот, дали е тоа МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, локалната власт и централната власт. Преку дијалог мора да се дојде до решение, рече Спасовски.

Како и на кој начин се однесува полицијата и што е она што се прави не сакам повеќе да кажам, ќе ги напоменам случувањата на аеродромот во Скопје, на граничниот премин Блаце, она што се случува во Галате и уште низа на други примери во државата. Нема оправдување од типот сегашни или поранешни структури. Не може во македонската полиција да има сегашни или минати структури, таа треба да им служи на граѓаните, додаде Спасовски.

На почеток