Македонија

Весна Јаневска после седум години обезбеди учебници за сите, рече Мицкоски

Весна Јаневска како министер после седум години обезбеди учебник за секое дете. Го зголеми дневниот додаток за оброк за студентите. И ако ви кажам со колкави долгови со справува и како ги менаџира работите, ќе треба да правиме уште една цела емисија,  рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски во „Претрес со Ландов“.

„Наместо да ја пофалиме, ние сега метафорички се изразуваме погрешно“ рече Мицкоски.

На прашањето дали ќе се врати образовниот систем како порано, премиерот најави дека во образовниот систем ќе има многу реформи а особено како што рече во високот ообразование.

„Достоинството на наставниот кадар ќе го вратиме кога ќе ја имплементираме програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Се извинувам што во овие 80 дена не успеав да го вратам достоинството на наставниците, но тоа ми еден од приоритетите што ги имам рече премиерот.

Следете го во ЖИВО Претресот на премиерот Христијан Мицкоски и поставувувајте прашања на јутуб каналот на prvatvmk:

На почеток