Магазин

(Видео) Шокантно видео: Американскиот рок музичар Бон Џови и го спасил животот на жена која сакала да се самоубие

Американскиот рок музичар Џон Бон Џови е фатен на камера како се обидува да убеди „очајна“ жена да се симне од работ на мостот во Нешвил.

Американскиот пејач наводно го снимал спотот за песната на неговиот бенд „The People’s House“ на пешачки мост кога забележал жена од другата страна на оградата.

На снимката од надзорната камера споделена од локалната полиција се гледа како фронтменот Бон Џови и член на неговата екипа и приоѓаат на вознемирена жена.

Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа, повикувајќи ја да се врати на безбедно, по што и помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ja прегрна и стоеја така околу една минута, пред заедно да одат по мостот. Метрополитен полицискиот оддел во Нешвил го сподели видеото на својот канал на Јутјуб и рече дека пејачот и помогнал на „очајна жена“.

„Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост Зајгенталер во вторникот вечерта. Бон Џови успеа да ја извлече на безбедно од платформата на мостот на реката Камберленд“, соопшти полицијата на Платформа Х.

На почеток