Зеленски: Денеска Русите удрија во автомобилите на хуманитарната помош, три лица загинаа, а двајца се повредени
,,Уште едно руско воено злосторство. Денеска окупаторот удри во автомобилите на хуманитарната мисија на меѓународниот комитет на Црвениот крст во Доњецк.
Засега се знае за двајцата повредени – им е укажана сета потребна помош. За жал, три лица загинаа од овој руски напад. Моето сочувство до семејството и пријателите.
Во оваа војна, сè е апсолутно очигледно: Русија носи зло, Украина го брани животот. И ако некој сака да ги слушне „двете страни“, тогаш во Русија тоа се зема само како дозвола да се убие понатаму.
Светот мора да реагира на жесток и принципиелен начин. Не можете да останете рамнодушни – и земји, и меѓународни организации. Само заедно светот може да ја натера Русија да го запре овој терор и да ја натера Москва да бара мир.”, напиша Владимир Зеленски.