Магазин

Го прашаа Ѓоковиќ кој е неговиот идеален појадок, а еве што одогвори тој

Новак Ѓоковиќ летово се раадуваше со последното парче злато што му недостигаше, на Србија и го донесе највисокиот подиум на Олимписките игри и само месец и половина подоцна реши повторно да ја носи опремата со националниот амблем. Викендов ќе го гледаме во Дејвис куп пресметката против Грција.

Ноле го искористи периодот по УС Опен за да ги наполни батериите и да се подготви за споменатиот судир, но и да гостува во емисии и да даде многу интересно интервју, кое привлече големо внимание кај гледачите ширум земјата.

Зборуваше за многубројни теми, како за оние кои се однесуваат на неговата кариера, така и за оние кои се помалку задолжителни, водителите го замолија да им открие кој е најдобриот појадок на за него.

Која е препораката за најдобар појадок – праша водителката, а потоа следеше интересен одговор.

Овошје, дефинитивно. И некоја каша – рече Новак.

Многу интересен избор со оглед на тоа што се работи за човек кој вложува извонредни напори за време на натпреварите, а и покрај тоа што е добро познато дека Ѓоковиќ реши многубројни проблеми од моментот кога го отстрани глутенот од исхраната и почна да игра брилијантно во континуитет. Потоа тргна да урива рекорди и со тоа со право ја заслужи неофицијалната титула најдобар тенисер досега.

На почеток