Македонија

Два авиона биле блиску до судир на небото над Скопје, АЦВ го испитува случајот

Според сајтот за следење летови „Флајтрадар24“, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) постапува по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ за избегнат судир на два авиона над Скопје.

Се работи за авионот на „Туркиш ерланс“ на летот од Мадрид за Истанбул и за авионот на „Санекспред“ од тускиот Даламан за Лондон-Гетвик. На 30 секунди пред да се разминат авионите биле на иста висина од 36 000 стапки. Пред да се разминат, едниот авион се крена, на 36 325 стапки, а другиот се спуштил на 35 475 стапки.
Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2 илјади стапки во вертикална далечина.

Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време, односно дали станува збор за инструкции од контролата за летање или е грешка на пилотите.

На почеток