Македонија

Зоки Фаци го очекува доста ризична операција и ќе трае неколку часа

Во среда на 18 септември естрадниот новинар Зоран Василевски конечно ќе се оперира во една од приватните скопски болници.

За оперцијата и неговата состојба се огласи јутјуберот Стефан Лазаров.

„Можам да ве израдувам дека конечно Зоки ќе оди на операција! За жал, му е кажано дека го очекува доста ризична операција која ќе трае неколку часа. Зоки, знам каков борец си и знам дека ќе издржиш и победиш. Те сака помалиот брат и те чека да се вратиш на местото каде што ги поминавме најубавите моменти годинава“, напиша Лазаров.

Пред една недела Василевски се врати од Турција каде правеше низа испитувања кои, како што откри Лазаров, за три дена чинеле околу 7.000 евра. Истите покажале дека туморот е над 30 cm и дека има метастази во почетна фаза.

На почеток