„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Започна евакуацијата во Чешка: Хаос поради циклонот Борис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-09-15-at-10.34.34-1

Во последните 24 часа наврнаа над 200 милиметри дожд, покажуваат мерните станици во чешките градови Јесеник и Бескидс, поради што сега започна евакуацијата на населението од тоа подрачје.

— реклама —

„Од средата навечер на падините на Јесеник паднаа речиси 450 мм, на сртовите на Крконоше околу 400 мм, кај Бескидите скоро 300 мм, додека на планините Новорад и Јизера забележавме над 250 мм врнежи. како во Острава“, изјавија утрово од чешкиот хидрометеоролошки завод, а потоа кажаа каква е прогнозата за денеска:

„Денеска најмногу ќе падне до 30 мм и тоа околу 50 мм на планините Јесенице и Крконоше, додека на планините Јизера околу 60 мм. Кај Бескидите врнежите веќе се намалуваат, а денеска ќе паднат само до 5 мм.“

— реклама —

Состојбата со поплавите не стивнува, а неколку чешки градови ќе бидат евакуирани во текот на денот.

„Започнува евакуацијата на чешкиот Тесин на Олша, а се подготвува евакуација во Острава и Бохумин“, изјави портпаролката на Хидрометеоролошкиот завод.

„Во последните 12 часа во Јесенице паднаа меѓу 50 и 130 милиметри, а кај Бескидите меѓу 40 и 150 милиметри. За денеска се предвидуваат уште 10 до 20 милиметри кај Бескидите, а до 50 милиметри во Јесенице“, додаде таа.

Хидролозите најверојатно ќе треба да го зголемат испуштањето вода од акумулацијата Римов во Чески Будејовице, што ќе го подигне нивото на реката Малша. Најпогодени ќе бидат селата Плав и Рудне кои се под Римово. Во моментов од браната се испуштаат 150 кубни метри вода во секунда, додека дотекот е на ниво од 220 кубни метри во секунда, пренесува Aktualne.cz.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryocgo6bg9mv5d5XR0VAL

Милјардерот Андреј Бабиш се враќа на власт: Чешка веднаш најави промена на политиката кон Украина

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhve38ea6fuv67s72XHB

Петар Павел: Руските дронови влегуваат во НАТО-простор, Путин ја тестира решителноста на Алијансата

Свет | пред 1 седмица

pruga-veles

Судир на два воза во јужна Чешка, над 50 повредени, петмина критично

Свет | пред 1 месец

WhatsApp-Image-2025-08-03-at-18.41.36_06aac166

Душко Чифлиганец тешко повреден при возење мотор во Чешка

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања