Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Петар Павел: Руските дронови влегуваат во НАТО-простор, Путин ја тестира решителноста на Алијансата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryhve38ea6fuv67s72XHB

Чешкиот претседател Петар Павел изјави дека Русија во повеќе наврати го повредила воздушниот простор на НАТО со авиони и дронови, целејќи да ја тестира решителноста на Алијансата во однос на руската агресија. Во интервју за британскиот „Сандеј тајмс“, Павел порача дека Европа мора да остане единствена и цврста во односот кон Москва.

— реклама —

„Доколку дозволиме Русија да излезе како победник од овој конфликт, тогаш сите сме поразени“, нагласи чешкиот претседател, предупредувајќи дека секое попуштање би било опасен сигнал за Кремљ.

— реклама —
— реклама —

Павел се осврна и на информациите за тајни преговори меѓу Русија и САД минатиот месец, во кои наводно бил разгледуван предлог за одземање украинска територија како дел од потенцијален мировен договор. Таквиот пристап, оцени тој, премногу потсетува на Минхенскиот договор од 1938 година, со кој тогашните европски сили прифатија отстапување на делови од Чехословачка на нацистичка Германија – потег што историски се смета за вовед во уште поголема катастрофа.

— реклама —

„Историјата нè учи дека отстапките пред агресорот не носат мир, туку само поголем ризик и подлабоки конфликти“, изјави Павел, повикувајќи ја Европа да не повторува грешки од минатото и да остане доследна во поддршката за Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Русија официјално се повлече од Европската конвенција за спречување тортура

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Русија на три месеци го забрани извозот на дел од петрохемиските производи

Свет | пред 22 часа

media-libraryobu75oumfur8cAhY8cv

(Фото) Украина уништи руска воена опрема вредна 70 милиони долари, тврди Зеленски

Свет | пред 1 ден

media-library8jp6d7ildh1i5S48UU0

Русија нападна парк во близина на училиште во Украина: Загинаа 13-годишно девојче и жена

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања