Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Жена во Русија прогласена за мртва, два часа подоцна ја откриле жива во мртовечница – лекарот уапсен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 минути -

Свет
media-libraryage971jd357l6uyNUBZ
Photo by Quilia on Unsplash

Руски лекар (29) е обвинет за убиство на 73-годишна пациентка, откако претходно погрешно ја прогласил за мртва. Жената била пренесена во болничката мртовечница, каде што два часа подоцна вработен забележал дека сè уште покажува знаци на живот. Според истражителите, лекарот потоа намерно ѝ вбризгал лек од кој починала, со цел да ја прикрие својата грешка, објави францускиот весник „Ле Паризиен“.

Случајот се случил во декември минатата година во градот Северодвинск, во руската Архангелска област, но деталите од истрагата станаа познати дури во последните денови. Лекарот е уапсен и се наоѓа во притвор, но ги отфрла обвинувањата и тврди дека постапувал според медицинските правила.

— реклама —

Според објавените информации, 73-годишната Галина била примена во болница на 17 декември 2025 година поради акутна тромбоза. За време на лекувањето срцето ѝ престанало да чука, а лекарот речиси половина час се обидувал да ја реанимира. Откако обидите не успеале, ја прогласил за мртва.

Телото било пренесено во болничката мртовечница, но, според наодите на истрагата, срцето на жената повторно почнало да работи. Околу два часа подоцна, вработен во мртовечницата забележал знаци на живот и веднаш го известил болничкиот персонал. Лекарот кој претходно ја прогласил за мртва добил налог да дојде и да ѝ укаже итна медицинска помош.

— реклама —

Наместо да се обиде да ја спаси, лекарот, според тврдењата на руските истражители, ѝ вбризгал лек по кој починала. Весникот „Комерсант“ објави дека станувало збор за пропофол, лек што се користи за воведување и одржување на анестезија и кој може да предизвика сериозни проблеми со дишењето, особено без соодветен надзор.

— реклама —

Истражителите се сомневаат дека лекарот намерно ја усмртил пациентката за да го прикрие фактот дека претходно погрешно ја прогласил за мртва. Против него е поднесено обвинение за убиство на лице за кое знаел дека се наоѓа во беспомошна состојба.

Неговиот адвокат Мансур Бекаров ги отфрла обвинувањата и тврди дека лекарот немал намера да ѝ наштети на пациентката, туку постапувал во согласност со медицинските правила. Одбраната наведува дека нема објективни докази оти смртта е директно поврзана со лекот што ѝ бил даден и бара да се утврдат сите околности, имајќи ја предвид тешката здравствена состојба на жената.

— реклама —

Иако случајот се случил во декември 2025 година, лекарот бил приведен дури во ноември оваа година. Руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на безбедносни извори, објави дека истрагата траела подолго поради сложените медицински вештачења. Истражителите речиси десет месеци ги собирале и анализирале наодите за да ги утврдат околностите на смртта.

Во истрагата е вклучено и регионалното обвинителство, а Министерството за здравство на Архангелската област најавило целосна соработка со надлежните органи. Вината на лекарот засега не е утврдена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 10 часа

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 1 ден

media-libraryct492hg3j5qs9mr9QcJ

Руски ракети погодија три моста во Киев, загинаа тројца, а десетици се повредени

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања