Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Руски ракети погодија три моста во Киев, загинаа тројца, а десетици се повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 39 минути -

Свет
media-libraryct492hg3j5qs9mr9QcJ

Три лица загинаа, а околу 15 се повредени во руски ракетен напад врз три моста во Киев, соопшти утрово градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко.

— реклама —

Погодени биле мостовите Подилско-Воскресенски, Дарницки и Пивденски, кои ги поврзуваат двата брега на реката Днепар и се меѓу важните сообраќајни правци во градот. Нападите предизвикале пожари, оштетувања на објекти и големи проблеми во сообраќајот. Сведок на „Ројтерс“ изјавил дека во раните утрински часови слушнал неколку експлозии.

— реклама —
— реклама —

Руски дронови погодиле и станбени згради во Днепропетровскиот регион, при што биле повредени пет лица. Во Харков четири лица се повредени откако дрон погодил болница, додека во Запорожје едно лице настрадало при напад врз трамвај, соопштија локалните власти.

— реклама —

Нападите врз Киев се случуваат во услови на зголемени тензии меѓу Москва и Киев. Рускиот претседател Владимир Путин се закани со силен одговор откако Украина по третпат во текот на неделата го нападна мостот што ја поврзува Русија со Крим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Русија, Кина и Иран бараат гаранции дека САД и Израел нема повторно да ја нападнат иранската нуклеарна инфраструктура

Свет | пред 1 ден

— реклама —
fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Првиот пациент ја заврши терапијата со руската вакцина против рак, до крајот на 2027 година ќе ја примат уште 120 пациенти

Свет | пред 1 ден

media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Русија остана без доволно бензин по украинските напади: Масовно увезува гориво и со понизок квалитет

Свет | пред 1 ден

media-libraryf8pmo453iqos3UNqDnf

Руски напад врз пазар во Украина: Повредени 11 лица, меѓу нив и 11-годишно дете

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања