Свет

Орбан со поддршка за Трамп: Животот ќе му биде во опасност сè додека не победи на изборите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан му даде поддршка на поранешниот американски претседател и републикански кандидат за втор мандат Доналд Трамп по пукањето што се случи вчера.

Орбан на социјалната мрежа X напиша дека се додека Трамп не победи на изборите за претседател на САД, неговиот живот ќе биде во опасност.

,,Јасно е дека животот на претседателот Трамп е во опасност, до неговата победа. Се молиме за вас, господине претседателе!”, напиша Орбан.

На почеток