Медиасет

Поради вирус Роналдо ќе го пропушти отворањето на асиската Лига на шампиони

(Видео) Роналдо бараше прекин на мечот

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо ќе го пропушти натпреварот од првото коло од Западната конференција на азиската Лига на шампиони против Ал Шорт поради вирусна инфекција, јавува денеска АП.

Во соопштението за медиумите на Ал Наср се наведува дека Роналдо не се чувствува добро поради вирусна инфекција, поради што не ни отпатувал во Ирак.

Клупскиот лекар потврди дека португалскиот фудбалер треба да мирува.

Натпреварот меѓу Ал Шорт и Ал Наср се игра вечерва од 18 часот во Карбала.

На почеток