(Видео) Ѓоковиќ направи хаос во ноќен клуб: Пееше хитови и свиреше на тапани
Новак Ѓоковиќ, моментално најдобриот тенисер на светот, ја искористи можноста од престојот во Софија, каде одигра егзибициски меч против Григор Димитров, за незаборавна забава по мечот.
Новак заедно со Димитров ја помина вечерта во ноќен клуб, каде атмосферата дополнително се „вжешти“ со присуството на бугарската пејачка Камелија.
Камелија, чија песна „Луда по тебе“ Ѓоковиќ ја обожава, вети дека ќе му ја отпее лично откако диџејот во салата не ја пуштил на негово барање.
Пејачката го исполни ветувањето, а Новак беше одлично расположен, а тоа го забележаа и видеа кои набрзо станаа вирални на социјалните мрежи.
На видеата се гледа како Ѓоковиќ ужива во песните на Камелија, танцува со Григор Димитров, фрла салфетки, свири на тапани, па дури и тој запеа. Веселата атмосфера и опуштената вечер потврдија дека Новак знае да се забавува и надвор од тенискиот терен.
Novak and Grigor know how to party. 🕺🏻 🎤 ❤️pic.twitter.com/7TS9KmfHoI
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) September 18, 2024