Свет

Судар на два патнички воза во Прага: Има повредени

Почина 67-годишен прилепчанец: му се слошило и со возилото излетал од патот

Во Прага утрово се судрија два патнички воза, а во таа прилика полесно се повредени десет лица, јавува чешката агенција ЧТК, повикувајќи се на извори од спасувачката служба.

Возовите се судриле во близина на станицата Прага-Либен, на пругата меѓу станицата Височани и главната железничка станица.

Спасувачите соопштија дека според деталните информации од местото на настанот, десетина лица се полесно повредени, со набиеници и гребаници.

Сообраќајот на тој дел од железничката пруга е во прекин.

На почеток