🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Средба на Муцунски и Столтенберг во Брисел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6628

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во рамки на работната посета на Брисел, се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој наскоро ќе замине од оваа позиција. По тој повод, министерот му врачи на Столтенберг благодарница и плакета за извонредни достигнувања и придонес за евроатлантската безбедност.

— реклама —

Изразвувајќи благодарност за неговото лидерство и водењето на организацијата, истовремено нагласувајќи ја важната поддршка за нашето членство во Алијансата, министерот Муцунски го истакна значењето на личните напори на Столтенберг за зачувување на заедничките вредности и одржување на мирот и стабилноста во Западен Балкан, регион од стратешко значење за НАТО.

Воедно, тој ја потенцираше и посветеноста кон политиката на отворени врати на Алијансата, како клучен фактор за зачувување на регионалната стабилност.

— реклама —

„Вашата значајна улога во турбулентните години го зајакна и модернизира НАТО, правејќи ја Алијансата покредибилна и поподготвена за зачувување на мирот и стабилноста во евроатлантската област“, нагласи Муцунски на средбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mucunski4-2

Муцунски: Преговорите со ЕУ не се блокирани – тие никогаш не започнаа поради СДСМ и ДУИ

Македонија | пред 3 месеци

mucunski-c

Муцунски: Фрчкоски направил штета од шестцифрена сума во евра

Македонија | пред 1 година

IMG_3907

Министерот Муцунски во работна посета на Брисел

Македонија | пред 1 година

IMG_6599

Потпишан меморандум за реализација на втората фаза на проектот за координација на активностите кои произлегуваат од членството во НАТО

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања