Свет

Објавени се првите резултати од истрагата за масовните експлозии на пејџерите во Либан

Прелиминарната истрага на либанските власти за комуникациските уреди што експлодираа во Либан оваа недела, откри дека во нив биле поставени експлозиви пред да стигнат во земјата, се вели во писмото испратено до Советот за безбедност на ОН од мисијата на Либан во Обединетите нации.

Властите исто така утврдија дека уредите, пејџери и воки-токи, биле активирани со испраќање електронски пораки до уредите, се вели во писмото во кое Ројтерс имал увид. Израел е одговорен за планирање и извршување на нападот, соопшти либанската мисија во ОН.

Во петок треба да се состане 15-члениот Совет за безбедност поради експлозиите.

Во нападите врз комуникациската опрема на Хезболах во вторникот и средата загинаа 37 лица, а беа ранети околу 3.000.

Израел директно не ги коментираше нападите, за кои безбедносни извори велат дека најверојатно биле извршени од неговата шпионска агенција Мосад, која има долга историја на извршување софистицирани напади на странска почва.

На почеток