(Видео) Мексико го погоди силен ураган: Властите ги повикаа граѓаните да бараат засолниште
Ураганот Џон, придружен со силен ветер и обилни врнежи од дожд, го погоди јужниот пацифички брег на Мексико.
Оваа временска бура се засили од тропска бура во ураган за само неколку часа, а брзото засилување на бурата ги изненади властите кои се обидоа навреме да ги ажурираат советите до населението, пренесува АП.
Невремето го зафати крајбрежниот појас на јужно Мексико како ураган од трета категорија, заканувајќи го туристичкиот центар на државата Оахака со максимални ветрови до 190 километри на час.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и властите ги повикаа граѓаните да бараат засолниште.
„Барајте повисоко, заштитете се и не заборавајте дека животот е најважен – материјалните работи можат да се заменат. Ние сме со вас“, напиша Обрадор на социјалната мрежа Икс.
Ураганот најверојатно ќе ги загрози блиските туристички центри Акапулко и Пуерто Ескондидо пред да ослабне додека се движи кон внатрешноста, според АП.
VIDEO: Mexico prepares for Hurricane John to make landfall.
Hurricane John has strengthened to a major Category 3 storm approaching Mexico's southern Pacific coast, the US-based National Hurricane Center says.
John is "very near" land, packing maximum sustained winds of around… pic.twitter.com/p5L29NxSbc
— AFP News Agency (@AFP) September 24, 2024