Средба на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски со амбасадорката на Германија Петра Дрекслер


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер.
Покрај актуелните економски и политички прашања во земјава и регионот, на средбата се разговараше и за инвестиционата програма на Владата во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти.
Министерот Николоски ја запозна амбасадорката за плановите на Владата за инфраструктурен развој на земјата и идејата за квалитетно и брзо поврзување на Македонија и регионот со земјите од Централна Европа.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи со Германија, при што министерот Николоски ја нагласи важноста на пријателскиот и партнерски однос меѓу двете земји.
Гаерманија е силен поддржувач на Македонија во нејзиниот развој, рече министерот Николоски, потенцирајќи дека Владата е силно фокусирана на европските интеграции и спроведување на реформите.
Министерот изрази благодарност за досегашната соработка при што беше искажана согласност за интензивирање на таквата соработка во различни области од заеднички интерес.
