Свет

Убиен еден од главните команданти на Хезболах

Израелци: Заложници не довикуваа на помош, мислевме дека е заседа, ги убивме

Либанската милитантна група Хезболах потврди дека еден од главните команданти на групата Ибрахим Кобеиси е убиен во вчерашните израелски напади врз јужните предградија на Бејрут, јавуваат либанските медиуми.

Се наведува дека во тој напад, трет во последните седум дена, биле уништени три ката од шесткатница во Бејрут, пренесува АП.

Израел рече дека Кобеиси бил висок командант на Хезболах задолжен за ракетната единица, се сметал за одговорен за лансирање проектили во Израел и го планирал нападот во 2000 година во кој тројца израелски војници беа киднапирани и убиени.

Најмалку шест лица загинаа, а 15 се ранети во вчерашниот израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, а либанските медиуми објавија дека нападот бил извршен врз предградијата Дахија, познато упориште на Хезболах во либанската престолнина.

Во изминатиот ден, борбени авиони на израелските воздухопловни сили истрелаа околу 2.000 проектили врз цели на Хезболах во Либан, соопшти претходно израелската војска, додавајќи дека борбени авиони на ИАФ погодиле околу 1.500 цели на Хезболах, а беспилотни летала погодиле уште неколку стотици.

Според податоците на Ургентниот центар на либанското Министерство за здравство, од понеделник наутро во израелското бомбардирање на јужен и источен Либан загинале 558 лица, а 1.835 се повредени.

На почеток