Македонија

Снопче од ВЛЕН за изјавата на Мицкоски: Нормално е да каже на некому кој ја напушта владата нека му е со среќа

Пратеникот од редовите на ВЛЕН, Халил Снопче му одговори на Мицкоски па и тој му посака среќа на премиерот.

„Премиерот е свесен од каде доаѓаат таквите искри и од каде некој сака да фрли искра за да создаде криза. Нормално е да каже на некому кој ја напушта владата нека му е со среќа. И ние велиме дека посакуваме среќа секому, ако работите дојдат до таа фаза. Тоа е нормална изјава, тој е премиер. Нема тука ништо трагично. До сега нормално функциониравме во согласност со односот на силите, не во сооднос на моќта. И сигурно дека во иднина ќе функционираме со избалансирани сили, до реализација на нашите програмски определби.“, изјави Снопче.

Ваквата преписка помеѓу Мицкоски и пратеникот Халил Снопче дојде откако, премиерот Мицкоски на новинарско прашање како ги прокоментира најавите на Снопче со евентуалното излегување на ВЛЕН од Владата одговори: „ Нека му е со среќа“.

На почеток