🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Ципрас доби награда за мир за Договорот од Преспа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
cipras-press-2

На поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас му беше доделена наградата за мир за Договорот од Преспа од грчка организација. Ципрас посочи дека Договорот од Преспа „има особена важност“ и дека не смее да се дозволи „да се изгуби моментумот создаден за европската перспектива на регионот“.

— реклама —

,,Како што неодамна кажавме со Зоран Заев, треба јасно да ставиме до знаење дека единствениот пат не само за европската иднина, туку и за иднината на самата Северна Македонија како земја е почитувањето на Договорот од нејзиниот нов политички и државен врв.", вели тој.

,,Не треба да дозволиме национализмот уште повеќе да тлее во регионот. Треба да го вратиме моментумот на европската перспектива создадена со Договорот од Преспа, извлекувајќи го регионот од стагнацијата во која беше во 2018 година. Договорот што претставува модел за решавање на спорови за Западен Балкан, бидејќи докажа дека постои пат до заемно прифатливи решенија кои ги бранат националните интереси, а истовремено промовираат мир. И ако Европската Унија се покаже некредибилна во однос на своето ветување за Западен Балкан, за нејзиното соседство, тогаш нема да има никаков кредибилитет како меѓународна геополитичка сила.", изјави Ципрас.

— реклама —

Ципрас рече дека му претставува голема чест што ја добива конкретната награда што го носи името „на младиот член на младинската организација, кој остана парализиран и слеп“ и кој беше погубен „под обвинение дека собираше потписи за мир“.

Наградата за мир оваа година освен на Ципрас им беше доделена и на двајца претставници на движењето за обединет Кипар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања