Македонија

Се изживуваат врз нас: Мицкоски за одвојувањето на Северна Македонија и Албанија од патот кон ЕУ

Се испраќа лоша порака кон македонските граѓани, ова е коментарот на премиерот Христијан Мицкоски по одлуката на Европската Унија за одвојувањето на патот на Албанија од Северна Македонија кон пристапувањето кон ЕУ.

Ниту една држава, смета Мицковски не направила повеќе работи од нас во последните две и пол децении од почетокот на патот кон полноправно членство во ЕУ, а кои немаат врска со Копенхашките критериуми.

Доста е, рече на прес конференцијата од двојни стандарди на грбот на оваа мала држава во срцето на Балканот.

„Ова нема врска со европски вредности, само се изживуваат врз нас. Доста е. Подготвени сме, сакаме да влеземе, да преговараме. Преговори значат јакнење на институции, збогатување на капацитети, не значи членство. Што е толку тешко да се прифати овој наш предлог?“, додава премиерот за Доста е, додава тој, од двојни стандарди на „грбот на оваа мала држава во срцето на Балканот“.

„Ова нема врска со европски вредности, само се изживуваат врз нас. Доста е. Подготвени сме, сакаме да влеземе, да преговараме. Преговори значат јакнење на институции, збогатување на капацитети, не значи членство. Што е толку тешко да се прифати овој наш предлог?“, додава премиерот за неговата понуда во Брисел амандманите на Уставот за внесување на Бугарите да биде со одложена примена, или конкретно кога Бугарија ќе го ратификува пристапниот протокол за нас во ЕУ.

Мицковски посочи дека дека ако како Влада можеле да го испочитуваат Преспанскиот договор и покрај критиките од јавноста, и да ја користат додавката „Северна“ за надворешна употреба, тогаш и Брисел треба да го прифати Договорот за добрососедство со Бугарија, во кој, како што вели, никаде не стои дека услов мора да биде промена на Уставот.

На Албанија ѝ посака успех и брзо завршување на преговарачкиот процес. Можеби, како што вели, еден ден патиштата на двете земји повторно ќе се сретнат по траекторијата кон полноправното членство во ЕУ.

На почеток