Македонија

Тешко повреден малолетен велосипедист, однесен во болница

На 29.09.2024 во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во с.Липково, кумановско, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(28), удрило во велосипед управуван од малолетник, двајцата од с.Липково.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На почеток