Македонија

Лефков: Тоа што СДС губи на анкети 5:1 не е оправдување за да го вреѓаат граѓаните со зборот „будали”, веднаш да се извинат

,,Очигледна е нервозата во Социјалдемократскиот сојуз по објавените анкети дека се 5 пати послаби од ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не е и не може да биде оправдување за вреѓањето на граѓаните со зборови како „будали”.

СДС мора да сфати дека партиите постојат заради граѓаните, а не граѓаните заради партиите. Затоа кога народот казнува и кажува дека не му се допаѓа некоја политичка партија, истата не треба да го навредува, туку да се поправи.

Најмалку што можат од СДС да направат е да смогнат сили и да се извинат.

Срамота е до кое дереџе ја донесе Филипче партијата која некогаш важеше за главен политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е истата реторика на Стево Пендаровски кој го нарекуваше народот стока. Истиот заврши во политичка пензија.

Топло им порачуваме на СДС за лошите резултати на анкетите, вината да си ја бараат во криминалните структури во партијата, а не кај народот.

Ги повикуваме сите чинители во државата, граѓански организации и политички партии да го осудат односот на Социјалдемократскиот сојуз кон граѓаните. Вреѓањето на народот не смее да стане политички дискурс.”, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток