(Видео) За малку избегнат инцидент на небото над Алјаска: рускиот борбен авион му го пресече патот на американскиот
Северноамериканската воздушна и вселенска одбранбена команда (НОРАД) објави видео од ескадрила ловци пресретнувачи Ф-16Ц, кои доживеаја инцидент на небото во близина на Алјаска минатата недела.
Имено, пар борбени авиони Ф-16Ц полетале за оперативно да пресретнат пар руски стратешки бомбардери Ту-95 и нивната борбена придружба.
“On Sept 23, 2024, NORAD aircraft flew a safe and disciplined intercept of Russian Military Aircraft in the Alaska ADIZ. The conduct of one Russian Su-35 was unsafe, unprofessional, and endangered all – not what you’d see in a professional air force.” – Gen. Gregory Guillot pic.twitter.com/gXZj3Ndkag
— North American Aerospace Defense Command (@NORADCommand) September 30, 2024
На снимката се гледа дека во еден момент рускиот борбен авион Су-35 изведува маневар на многу кратко растојание од американскиот борбен авион Ф-16Ц, пресекувајќи му го патот.
Порталот „Воена зона“ пишува дека ова е најблиската средба меѓу руските и американските пилоти откако стратешкиот бомбардер Б-52 доживеа сличен инцидент со Русите во 2020 година над Црното Море.
На видеото што го објави НОРАД јасно се гледа колку пилотот на американскиот борбен авион бил вознемирен од маневарот на Су-35. Рускиот авион остана во меѓународниот воздушен простор и не влезе во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор. Оваа руска активност во близина на Алјаска се случува редовно и не се смета за закана.