(Видео) Снимен моментот кога израелската војска влезе во Либан


Политичкото раководство во Тел Авив во ноќта меѓу понеделникот и вторникот донело одлука израелската копнена армија да влезе во Либан во операција која, како што велат, е временски и обемно ограничена и нема намера да го окупира јужен Либан.
Операцијата „Северна стрела“ беше одобрена од безбедносниот кабинет, а израелската армија синоќа почна, како што тврдат, „локализирани и насочени напади“ врз цели на Хезболах во јужен Либан.
Видео снимките од северен Израел снимиле експлозии на границата со Либан во понеделникот вечерта и вторникот наутро, јавува Би-би-си.
Целите се наоѓаат во селата во близина на границата и „претставуваат непосредна закана за израелските заедници во северен Израел“, се додава во соопштението на ИДФ.
