Уапсени две лица од Непал, илегално ја преминале границата и влегле во Македонија
Од
Објавено на
Вчера во 18.30 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Исток ги привеле 21-годишниот М.С. и 27-годишниот В.Р., двајцата од Непал, со дозвола за престој во Република Бугарија, затоа што илегално ја преминале државната граница и влегле во Република Северна Македонија, извести МВР.
Тие биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.