Прегазена 21-годишна девојка во Куманово, возачот избегал, таа со тешки повреди пренесена во болница
Од
Објавено на
Вчера во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Ш.Р. од село Никуштак, општина Липково, удрило во 21-годишната Е.Р. од Куманово, по што го напуштило местото на настанот, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Р. констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.