Македонија

Двајца повредени во сообраќајна несреќа во Дебар

Денеска во 01.40 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на улица „Јусуф Гравала“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Ј.Х. од Дебар и патничко возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Ш.Ч. од Дебар, извести МВР.

„Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Љ.Т.(53) од Дебар, сопатничка во товарното возило, додека возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар“, соопшти МВР.

Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

На почеток