Свет

(Видео) Околу 200 ракети се појавија над Тел Авив и Ерусалим, објавена снимка од почетокот на иранскиот напад

Иран вчера попладне лансираше стотици ракети кон Израел. Според Израел, биле истрелани речиси 200 ракети. Ракетите се појавија над Израел нешто по 18 часот.

Сирените се огласија низ Израел.

Израелските одбранбени сили ги повикаа Израелците „да останат внимателни и прецизно да ги следат упатствата на Командата за цивилна заштита“.

„Веднаш штом ќе ја слушнете сирената, мора да влезете во заштитеното подрачје и да останете таму до понатамошно известување“, велат тие.

Засега не се знае колку ракети се пресретнати, а колку успеале да ја поминат противвоздушната одбрана. Не се знае колкава е штетата и дали има жртви.

Погледнете ја снимката од моментите кога ракетите се појавија над Тел Авив.

На почеток