Македонија

Приведени криумчари на мигранти

Вчера во 19.40 часот во село Табановце, кумановско, на крстосница кон село Лојане, липковско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Б.Р.(41) од с.Матејче, липковско, и Љ.Љ.(32) од Куманово.

При преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле пронајдени две лица мигранти од Непал.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток