Комунална хигиена-Скопје подигна 30 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Центар и Карпош
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 30 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Центар и Карпош.
Активностите се одвиваа на кејот „13-ти Ноември“, во строгиот центар на градот, каде што е отстранета дива депонија составена претежно од картонска амбалажа и органски отпад. Интервенирано е и на булеварот Гоце Делчев, на паркинг- просторот пред хотелот „ВИП“, каде што се подигнати приближно 10 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.
ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти и уште една обемна дива депонија, лоцирана на улицата Брадфордска, во непосредна близина на ресторанот „Македонска куќа“, во скопската општина Карпош.